речник контакт

Досиеја Ми5: Нацистите ковале завера да ги отрујат сојузничките трупи со кафе, чоколади, цигари

Нацистите планирале да ги убијат сојузничките трупи со отруено кафе, чоколади и цигари, како дел од терористичката кампања во слободна Европа, покажуваат најновите отворени документи на Ми5

Петар Печков

Женски агенти  биле оспособени да бидат пратени да убијат сојузнички команданти, употребувајќи микроби скриени во џепни огледалца, стои во извештаите од истрагата.Една направа за атентат фатена од напредните сојузнички трупи, била пиштол скриен во токата на ремен со амблем на кукаст крст.

Документите од испрашувањата на германските агенти разоткриваат дека нацистичката безбедносна служба РСХА, имала единица која планирала субверзивни операции во сојузничките држави преку атентати и со употреба на отрови.

Информаците дошле од четворочлена единица на германски агенти, меѓу кои била и една жена, кои биле исфрлени со падобран во Ајон, блиску до Сент Квентин во Франција во март 1945 година, два месеци пред завршувањето на војната.Тие полетале од Штутгарт во заробен Б-17 „летечка тврдина“ која ги исфрлила зад непријателските линии пред авионот да биде срушен.

Агентите навеле дека некои од нивните колеги биле опремени со различни отрови, „не со вообичаените ампули со хидроцијанидна киселина, кои агентите ги имале за да извршат самоубиство ако бидат уапсени“, се вели во отворениот извештај.Наместо тоа тие носеле стаклени епрувети со Баер аспирини меѓу кои имало неколку апчиња кои содржеле отров.

„Смрта требала да настапи по десет минути доколку некое од овие апчиња било проголтано“, стои во извештајот кој за првпат се објавува во Националната архива.Целите требало да се убедат да земат по едно апче аспирин по пушење на специјално подготвени цигари, кои пак ќе им предизвикаат главоболка.

„Агентите исто така требало да испушат една цигара и да земат едно од вистинскитѕе аспирини“ стои во документот.Методот бил смислен за цели кои патуваат со возови, иако една од фатените агентки, Ана Маргарита Прелогар, вели дека идејата била „шизичка“.Исто така постоел и прав кој требало да се посипа на кваките на вратите, на книги или на маси, кои содржел стакло во прав обложено со отров.

Друг прав би го користеле келнерите за да напрашат по собите, што предизвикувало смрт ако е проголтан, но не и вдишан.Кафена сферична пелета голема околу 1 милиметар во дијаметар, требало да се стави во пепелник и жештината од цигарата ќе предизвика пелетата да испари и да „угуши до смрт секого во околината“.

Специјална запалка има рамна површина до отворот за оган каде може да се вметне слична пелета.Нескафе, шеќер, цигари и германско чоколадо Сароти исто така биле спремни со отров во нив, стои во извештајот. Еден од агентите бил „посебно горд“ кон чоколадите, се вели во извептајот.

„Приказнава изгледа премногу фантастично“, се додава. Се чини дека агентите заедно ја подготвиле за да се направат самите интересни. Од друга страна пак, „сите ги објаснуваат овие отрови прилично спонтано“.Агентите кажале дека стаклото во прав им го покажал „технички експерт“ од СС, потпоручникот Винтер во Неустрелиц во Северна Германија, „но дека не биле сигурни дека примероците биле модели или вистински“.

Двајцата експерти наводно разговарале да ги опремат агентите со бактерии, а еден од фатените агенти кога прашал за детали му одговориле дека ова не е „за мали девојчиња“.Рекле дека е подобро ако микробите ги употребуваат женските отколку машките агенти, затоа што тие биле скриени во задниот дел од џепните огледалца за в чанта.

Агентот Хенри Мораел вели дека видел епрувети со отрови или микроби во различни обоени течности или прав, кои исто така биле наведени во „водичот за саботажи“.Микробите требало да ги употребуваат „женски агенти против високо позиционирани лица на сојузничката окупирана територија“.

Ми5 биле толку загрижени што во документот стои дека „фатените агенти и скриената опрема треба да се пребараат заради запалки, лекови, храна и цигари кои очигледно и не се дел од „стоката“ која била спремна агентите да ја употребат“.

Докумениот е обележан со знакот „таен“ за контраобавештајната воена соба во Лондон во Врховниот штаб на сојузничките извршни сили, и е насловен како „Германски терористички методи“.Стои и дека германската тајна служба Абверт, во јуни 1943 создала опасна шема за деморализирање на американские трупи во Северна Африка со помош на „широка дистрибуција на наркотици“.

Во еден пресретнат германски документ од октомври 1944, означен како „таен државен документ“, се зборува за ставање отров во „едно виски, една ракија, еден ликер и во едно шише вино“ и се бара од член на СС „да направи едноставен рецепт за да ги отруе овие пијалоци“.

Во документот исто така се спомнува „акумулација на јаки отрови кои можат да бидат инјектирани со шприц“, на пример во кобасици.На отровите ќе им треба неколку часа или денови за да делуваат, се вели и се додава „Важно е бандитите да не умрат во куќата во која се повикани, туку подоцна“.

Помеѓу другите направи за атентати, од 20-иот корпус на американската војска пријавија дека нашле пиштол сместен во токата на ремен, црн со сребрен кукаст крст „и со орел со раширени крилја нанапред“.

„Капакот од токата се спушта и со притискање на копче пиштолот со два куршуми пука директно напред“, велат тие.„Со притискање на двете копчуња, оружјето може да испука два куршуми“.

Лордот Ротчајлд, тогашен шеф на Ми5 одделот за контрашпионажа, имал чоколадна штангла и конзерва нескафе одземена од германските сили и ја испратил на тестирање за отрови и побарал одговор дали арсенот може да се употреби за да се отруе леб или колачи.
Од Ми5 препорачале: „Јадење германска храна или пушење германски цигари треба целосно да се забрани под закана за големи казни“.

Но еден пресретнат германски документ датиран од февруари 1944 наведува дека и Германците биле на погрешната страна во обидите за труење со отрови, овој пат од полското движење на отпорот кој употребувал конзерви со крема Нивеа која содржела паста импрегнирана со гас од сенф (зелен гас).

текстот е превземен од Дејли телеграф

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »